Македонија

ФЗОМ склучи пет нови договори со аптеки и аптекарски станици

ФЗОМ склучи пет нови договори со аптеки и аптекарски станици

Директорот Сашо Стефаноски денес при посетата на подрачната единица на Фондот во Струга информира дека Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучил пет нови договори со аптеки, односно со четири аптекарски станици и една подвижна аптека.

Една од новите аптекарски станици, според него, ќе биде во струшкиот регион, во селото Ливада и ќе почне со работа од 1 октомври, а останатите се во битолското село Буково, во тетовско – Теарце и во Моране, општина Студеничане. Подвижната аптека е во општината Валандово.

–  Со овој проект заедно со Министерството за здравство се трудиме да ја доближиме достапноста на лекови до граѓаните што живеат во руралните средини. До овој момент отворени се 66 аптекарски станици, кои покриваат над 130.000 граѓани во рурални средини, изјави Стефаноски.

Од овие 66 аптекарски станици, посочи дека шест се во струшко, односно во селата Боровец, Велешта, Октиси, Мислешево, Радолишта и Ливада.

– Како Фонд континуирано правиме напори за да обезбедиме достапност до лековите што е  можно поблиску до местото на живеење на граѓаните, рече Стефаноски.

Продолжува проектот „Отворедни денови со ФЗОМ“

Во рамки на проектот „Отворени денови на Фондот за здравствено осигурување“, директороите Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани имаа можност да разговараат со вработените во Фондот, лекарските комсиии, претставнции на  лекарите.

– Отворените денови на ФЗОМ продолжуваат, каде ние како менаџерски тим сме на терен и остваруваме средби со граѓаните и осигурениците, кои имаат потреба да дознаат нешто повеќе за услугите што ги дава Фондот или имаат одреден проблем за кој може да се најде брзо решение, истакна Стефаноски.

На средбата во Струга, според директорот Рамадани, имале можност да слушнат како функционира подрачната служба и со што се соочуваат вработените и осигурениците.