четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

ФЗОМ воведува три нови електронски услуги

ФЗОМ воведува три нови електронски услуги. Граѓаните може да поднесуваат електронски барања за остварување на право на специјализирана медицинска рехабилитација, за рефундација за патни трошоци и за рефундација на ортопедски помагала се трите нови електронски услуги на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

fzom

Поврзани вести

ФЗОМ воведува три нови електронски услуги. Граѓаните може да поднесуваат електронски барања за остварување на право на специјализирана медицинска рехабилитација, за рефундација за патни трошоци и за рефундација на ортопедски помагала се трите нови електронски услуги на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Со услугата за поднесување на барање по електронски пат за остварување на право на специјализирана медицинска рехабилитација (продолжено болничко лекување во бања), овозможуваат секој осигуреник да може да поднесе барање за остварување на право за рехабилитација по донесено мислење од Лекарска комисија.

Со новата услуга, нагласи директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски, сега осигуреникот може да поднесе електронско барање, каде што сите документи ќе може да ги скенира (отпусно писмо за завршено болничко лекување/специјалистички извештај, конзилијарно мислење и наод, оценка и мислење на лекарска комисија на Фондот) и да ги прикачи преку својот профил на веб порталот на Фондот.

Со оваа електронска услуга кратиме време и осигурениците веќе немаат потреба да одат во подрачната служба за да го добијат решението. Статусот на своето барање можат да го следат во секое време. Единствено самото решението за специјализирана медицинска рехабилитација осигурениците и понатаму ќе го добиваат по пошта. Од оваа услуга бенефит ќе имаат 4.496 осигуреника кои во 2015 година оствариле право на медицинска рехабилитација на товар на Фондот, истакна Стефаноски.

Во врска со втората услуга – поднесување на електронско барање за повраток на средства за патни трошоци за дијализа и за вежби за видот, слухот и говорот, рече дека сите осигуреници кои одат на дијализа и патуваат за да ја добијат оваа здравствена услуга и заради тоа имаат патни трошоци, од сега ќе можат барањето за рефундирање на средства за транспорт да ги доставуваат електронски на веб порталот на Фондот.

Пропратните документи како потврда за број на извршени здравствени услуги во претходниот период од соодветната здравствена установа која има склучен договор со Фондот, потврда од здравствена установа каде е извршена хемодијализата дека нема организиран превоз може да ја прикачат електронски на порталот на Фондот. Од новата електронска услуга бенефит ќе имаат 228 осигуреници, за кои минатата година издадени се 925 решенија за рефундација на патни средства по основ на дијализа и слух и говор. За рефундација на патни трошоци во 2015 година Фондот има исплатено 741.135 денари, истакна Стефаноски.

Појаснувајќи ја третата услуга – поднесување на електронско барање за рефундација на ортопедски помагала, истакна рече дека осигуреникот може да направи рефундација за ортопедски и други помагала за кои Фондот нема склучено договор за испорака со правен субјект, а тие се на Списокот на ортопедски и други помагала и ортопедски и други помагала за кои Фондот има склучено договор само со еден правен субјект, но од објективни причини правниот субјект не е во можност да изврши испорака, за што е доставено известување до Фондот.

Рефундацијата на ортопедски помагала, посочи Стефаноски, може да се изврши само доколку претходно е извршена заверка на ортопедското помагало.

При рефундација на ортопедски помагала се рефундира референтната цена која ја одредува Фондот и ја доделува за секој вид помагало, намалена за износот на партиципација кој се одредува во зависност од старосната група и видот на помагалото. Видот на помагалото и неговата референтна цена се утврдени со Списокот за ортопедски и други помагала кој е составен дел од Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала е достапен на веб страницата на Фондот, рече Стефаноски.

Укажа дека бенефит од новата електронска услуга на фондот ќе имаат 182 осигуреника, за кои во минатата 2015 година за рефундација на ортопедски помагала издадени се 259 решенија, во износ од 352.988 денари. Со новите електронски услуги за е-барање за рефундација, нагласи, осигурениците ќе може самостојно да поднесат електронско барање како и да ги прикачат сите потребни документи (скенирани) преку својот профил на порталот на Фондот, кои ќе треба да ги потпишат со својата електронска здравствена картичка.

Осигуреникот преку порталот ќе може да го следи статусот на своето барање во кој се наоѓа со што во секое време ќе има информација до каде е неговиот предмет на решавање и кога ќе се рефундираат средствата. За користење на овие услуги, осигуреникот треба да биде регистриран на порталот на ФЗОМ (да има сопствен профил на порталот), да има компјутер со интернет пристап, како и читач и електронска здравствена картичка, додаде Стефаноски.

Директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани рече дека досега барањата за остварување на право за рефундација по овие основи се доставуваа на шалтер во подрачните служби од страна на осигурениците.

Посочи дека со новите електронски услуги се постигнува поедноставување на постапката за поднесување барање за рефундација за ортопедски помагала и патни трошоци, поедноставување на постапката за поднесување барање за остварување на право за медицинска рехабилитација, информација за статусот на барањето за рефундација во било кое време и информација за рефундација на средства.

Продолжуваме да работиме на остварување на целта, е-Фонд, со цел осигурениците, овластените лица од компаниите, здравствените работници да добиваат ефикасна, навремена и професионална услуга кога истата им е потребна. За поедноставно и точно информирање кои се потребните чекори и како да се користи електронската услуга, Фондот изготви видео туторијали, кои се краток и едноставен водич како чекор по чекор за начинот како да се користат електронските услуги на Фондот, рече Рамадани.

Појасни дека првите готови видео туторијали за услугите за кои очекуваме да има најголем интерес и најголем број на достави се: е-барање од осигуреник/овласено лице за надомест по основ на боледување со електронски ИСР, електронско барање за надомест по основ на боледување без електронски ИСР, е-барање од матични лекар/специјалисти од соодветна специјалност за заверка на ортопедски помагала и е-барање од матични лекари за издавање на Извештај за привремена спреченост од работа.

Додаде дека за неколку дена на веб страницата на Фондот ќе бидат објавени и видео туторијали за електронските услуги: е-барања од осигуреник: за рефундација на болничко лекување, за рефундација на лекови на рецепт, за рефундација на вграден потрошен материјал, за повеќе наплатена партиципација, за ослободување од партиципација, за рефундација на патни трошоци, на ортопедски помагала и за за остварување на право на специјализирана медицинска рехабилитација.

Најчитани вести