Г-7 понуди мирно решение за прекин на огнот во Украина

Договорот за прекин на огнот во Украина понуди мирно решение за тамошната криза, соопштија синоќа лидерите на Г-7 и се заканија за преземање акции во случај договорот да биде прекршен.

Г-7 е подготвена да примени соодветни мерки против оние кои ќе го прекршат „пакетот од Минск“, особено против оние кои не се придржуваат до договорениот општ прекин на огнот и повлекување на тешкото вооружување, се наведува во соопштението.

Во заедничкото соопштение лидерите на Г-7 изразуваат загриженост поради ситуацијата во источна Украина, особено поради борбите околу градот Дебалцево во пресрет на прекинот на огнот што стапува вечерва во 22 часот по Гринич.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.