Г.г Стефан: Единството треба да биде најголемата сила за нашето опстојување

Поглаварот на МПЦ-ОА, Господин, господин Стефан на денешното осветување на црквата посветена Покровот на мајката божја Св. Богородица во својот говор пред православните верници изрази сочуство за загинатите бранители, а ги повика верниците да се помолат и за здравјето на повредените припадници на МВР во Куманово.

-Кога двајца се караат, третиот користи, односно кога двајца се караат третиот и по двајцата ќе удри. Вчерашните случувања во Куманово потврдија дека кога ќе заборавиме на обврските кон државата и народот и кога партиските и личните интереси ни се поважни, поинаку и неможе да биде. Време е конечно да сфатиме дека единството треба да биде нашата најголема сила и гаранција за нашето опстојување. Господ нека ни помага да го разбереме тоа, но што поскоро, а овој миг да си спомнеме и да си помолиме за здравје на повредените и за душите на загинатите полицајци. Господ да и дарува Царско небесно, рече Господин господин Стефан.

Ктитор на новата црква во штипско Ново село е познатиот бизнисмен Сашо Миладинов, а храмот е посветен на Покровот на Св Богородица, по тој повод со свеченото осветување и литургијата чиноначалствуваа поглаварот на МПЦ-ОА и митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион со свештеници од Брегалничката епархија.