Г7 и’ се закани на Русија со нови санкции доколку не стои настрана од Украина

Лидерите на Групата седум најразвиени економии во светот (Г-7) и се заканија на Русија со нови санкции, доколку не бидат запрени сите вооружени судири и доколку не го исполни ветувањето дека ќе стои настрана од Украина.

Во заедничко соопштение лидерите на Г-7 наведуваат дека Москва може да очекува олеснување на санкциите од ЕУ, САД и Канада кога сите услови од примирјето постигнато со Киев ќе бидат исполнети.

Групата, иако го поздравува договорениот прекин на огнот од 5 септември и планот во девет точки договорен во Миснк, ја предупреди Москва дека во случај планот да не биде спроведен во целост, може да следат нови санкции. Русија мора да ги повлече своите војници и воена опрема, да ја почитува границата и да гарантира дека сите заробеници во рацете не проруските сили во Источна Украина ќе бидат ослободени, се наведува во соопштението.