Г7 продолжува со работа, Трамп му одолева на притисокот

© AP Photo / Andrew Medichini

Челниците на земјите од групата Г7 кои се собра на дводневниот самит во Таормина на Сицилија продолжија со работата во саботата со надежи дека ќе ги усогласат своите разлики околу климата или трговијата, по првиот работен ден кој воопшти не донесе омекнување на ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Прво во саботата утрото имаше состанок со челниците на петте африкански земји: Нигерија, Нигер, Етиопија, Кенија и Тунис. За Италија, којашто во моментов претседава со Г7, Африка е еден од приоритетите и сметаше дека Г7 во Таормина ќе ја усвои амбициозната декларација за „човечката мобилност“, односно за чувствителната тема на миграциите.

Меѓутоа, мораше да ги намали своите амбиции и да го ограничи тоа прашање на неколку редови во крајната верзија од декларацијата, признаа италијански дипломатски извори. „Ќе има параграф во финалната декларација, но на таа тема има уште работа“, призна во петокот германската канцеларка Ангела Меркел.

Г7 потоа ќе се сврти кон омилените теми, како што се меѓународната трговија за повторно да се обидат да го убедат американскиот да ги ублажи своите ставови. По турнејата по Блискиот исток на која демонстрираше соработка, Доналд Трамп не се двоумеше да гои одбива своите сојузници, и покрај нивните притисоци да ги приближат своите ставови.

Во петокот шефовите на државите и влади на Г7, на самитот на Сицилија најдоа неколку околу кои би можеле да се согласат, почнувајќи од борбата против тероризмот по нападот во Манчестер, но закочија на неколку „контроверзии“, меѓу кои и темата за климатските промени.

На таа тема и натаму е на сила статус-кво, и покрај напорите на европските земји, Германија, Франција, Италија и ЕУ, Јапонија и Канада да ги омекнат ставовите на САД. Евентуалната заедничка декларација Г7 за таа клучна тема во петокот вечерта уште беше неизвесна и ништо не упатуваше дека на крајот договор ќе биде постигнат.

Ставот на американскиот претседател „напредува, дојде ваму да научи“, изјави неговиот економски советник Гери Кон. Меѓутоа, од другите делегации покажуваат повеќе скептицизам. Уште повеќе што американскиот претставник многу брзо ги постави границите на тоа отворање: одлуката којашто Трамп ќе ја донесе по самитот ќе зависи од „она што е најдоброто за САД“, предупреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.