Балкан

Габриел: За Грција да остане во еврозоната, потребни се нови чекор

Габриел: За Грција да остане во еврозоната, потребни се нови чекор
Габриел: За Грција да остане во еврозоната, потребни се нови чекор

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел денеска на грчката Влада и порача дека мора да оди чекор понапред од мерките за компромисот што беше на маса пред референдумот, објави МИА.

Според Габриел, кој е лидер на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), доколку Грција сака да остане во еврозоната ќе мора да презентира предлози кои одат чекор понапред од оние што предходно ги даваа грчкиот премиер Алексис Ципрас и екс-министерот за финансии Јанис Варуфакис.

Со тоа, како што јави дописникот на МИА од Берлин, Германија јасно дава до знаење дека Ципрас, кој по референдумот пред своите граѓани тврдеше дека сега Грција има подобра преговарачка позиција, не може да очекува нови концесии од Берлин и ЕУ.

Противник на каква било отстапка за Грција е и еден од највлијателните пратеници од Хриситјанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, Волфганг Бошбак, кој и предходно се противеше на планот за спас на Грција. Тој сега смета дека под никакви услови не смее да има нови концесии или нов пакет за спас на Грција.