Габриел Паулиста ќе биде најновата аквизиција на Арсенал

Одбраната на Арсенал е една од слабите точки во тимот, па не е ни чудо што Венгер и неговите скаути беа фокусирани на подобрување на тој дел од составот.

Французинот конечно успеал да доведе фудбалер кој се очекува да ја зацврсти последната линија во тимот, а според медиумите од Островот, се работи за Габриел Паулиста, бразилскиот фудбалер кој настапува во Виљареал.

Габриел одреден период бил на радарот на Арсен Венгер, а тренерот на Арсенал решил дека Бразилецот треба да биде доведен уште во текот на зимскиот преоден рок. “Топчиите” за него ќе исплатат 20 милиони евра, а Габриел ќе потпише откако ќе ги мине лекарските прегледи.

Сепак, според правилата во Англија, стоперот на Виљареал ќе мора да добие и работна дозвола, а со оглед на фактот дека не е стандарден репрезентативец на својата земја, тоа може да преставува проблем во реализацијата на овој трансфер.

Габриел Паулиста подолго време беше трансфер цел и на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луи Ван Гал, но сепак раководството на Арсенал реагираше побрзо и Бразилецот ќе биде нов член на тимот од Лондон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.