ГАФ: Наместо од Мандела, на билборд ставиле фотографија од Фримен

Неумесен гаф се случил во еден индиски град, па наместо фотографија од Нелсон Мандела по грешка ставиле фотографија од Морган Фримен.

На билбордот кој бил поставен покрај улицата во индискиот град Коимбатори наместо фотографија од неодамна починатиот поранешен претседател на Јужноафриканската република, Нелсон Мандела, била поставена фотографија од познатиот актер Морган Фримен.

На билбордот дури и пишува: „Треба да бидеме горди што сме дел од ерата во која што живееше и тој“:

Трговецот, кој платил за поставување на овој билборд во чест на Мандела, рекол дека станува збор за грешка на дизајнерот и дека фотографијата наскоро ќе биде заменета.