Гај Ричи и Мадона се смируваат?

По се изгледа Мадона и Гај Ричи работат на средување на семејните односи. Познатиот режисер два пати за една недела ја посетил пејачката, а и донел мал подарок.

Откако судијата неодамна ги предупреди дека мора да се приберат и да ги средат односите за да на го упропастат до крај она што остана од детството на нивниот син Роко, по се изгледа Мадона и Гај одлучиле конечно да ги закопаат секирите. Така Гај додека ја посетувал неговата поранешна сопруга во нејзиниот стан во Лондон бил виден како носи и мал подарок.

gaj-rici-splash-660x943

Во овој случај тоа било отворено шише вино. Дали станува збор за трема, па режисерот малку се напил пред посетата на поранешната сопруга или едноставно едноставно го земал шишето од фриѓидерот да не се фрли, не е познато.

Мадона неодамна им се пожали на пријателите дека секој нејзин разговор со детето завршува со викање, поради што мајката и синот се повеќе се оддалечуваат еден од друг. Детскиот психолог на пејачката и’ советувал да престане во јавност да го оцрнува поранешниот сопруг, кого Роко го обожава, затоа што на тој начин само повеќе му штети на нивниот однос.