Галата мал залак за Челзи, Реал (М) повторно го преслуша Шалке

Лондонскиот премиерлигаш Челзи и најтрофејниот шпански клуб, Реал (М), обезбедија пласман во следната, 1/4 финална рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Реванш пресметката помеѓу англискиот премиерлигаш и актуелниот шампион на Турција, тимот на Галатасарај, сосема заслужено заврши со триумф на „сините” од 2:0, кои со вкупен резултат од 3:1 обезбедија пласман во следната елиминациска рунда од ЛШ.

Првиот погодок на натпреварот, постигнат во 4 минута беше дело на камерунскиот интернационалец, Самуел Ето, а во финишот од првото полувреме, во листата на стрелци се запиша и централниот дефанзвец, Гери Кејхил.

Повторно, но сега со 3:1 (вкупно 9:1), шпанскиот гигант Реал (М) го победи и го елининира германскиот бундеслигаш Шалке.

Првиот и вториот погодок на натпреварот беа дело на најдобриот фудбалер на денешницата, португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо, а во листата на стрелци се запиша и малдиот напаѓач Алваро Мората.

Единствениот погодок за Шалке беше дело на офанзивниот десен бек, Тим Хогланд.