Спорт

Галатасарај подобар од Партизан, Панатенаикос од Олимпијакос

Галатасарај подобар од Партизан, Панатенаикос од Олимпијакос

Кошаркарите на Партизан ја продолжија губитничката серија во Евролигата, откако загубија и од Галтасарај со 78:70, во седмиот натпревар од ТОП 16 фазата во ова елитно натпрварување.

Големиот број повредени играчи оневозможи српскиот гигант да го одигра целиот меч во високо темпо, а клучен дел за поразот беше вториот дел од втората четвртина, кога гостите успеаја да јаанулираатнегативатаод девет поени и да го преземат водството, Домеркант со 18 и Аројо со 16 поени беа најпрецизни кај Галатасарај, додека најефикасен во редовите на Партизан, воедно и на натпреварот, беше Богдановиќ со 23 поени.

Грчкото дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос заврши со триумф на „зелените“ од 66:62. Мечот беше израмнет од првата до последната минута, за домаќините во самата завршница да имаат помирни нерви и со прецизно изведување на слободните фрлања да стигнат до голем триумф. Лазме постигна 18, а Укиќ 14 поени, но се чини дека клучен фактор на овој меч беше очајното издание на најдобриот гостински кошаркар, Василис Спанулис, кој постигна шест поени.

Емпорио Армани славеше над Уникаха со 70:59, додека Барселона на гостински терен ја совлада екипата на Лаборал Куча со 80:68.