Спорт

Галатасарај поразена од Борусија

Галатасарај поразена од Борусија

Борусија Дортмунд оствари убедлива победа на гостувањето во Истанбул против Галатасарај со 4:0, со што практично веќе го обезбеди пласманот во следната рунда.

Дортмунд е на чело на табелата со максимални девет бодови, три повеќе од Арсенал кој со неверојатен пресврт славеше на гостувањето во Белгија против Андерлехт со 2:1.

Во Истанбул се беше решено по првите 45 минути. Пјер Обамејанг погоди во 6-тата и 18-тата минута, а Марко Ројс на асистенција на Кагава зголеми на 3:0 во 41-та минута.

Во вториот дел германскиот тим рутински ја заврши работата, а конечните 4:0 на седум минути пред крајот ги постави Рамос.

Македонскиот фудбалер Горан Пандев настапи до 78-та минута, а поради слабиот настап беше исфиркан од страна на навивачите на Галатасарај.

Многу поинтересно беше во Брисел. Андерлехт одигра одличен меч, а со голот на Најар во 71-та минута ја имаше победата во раце, но ја испушти во последните моменти од мечот.

Арсенал со головите на Гибс и Подолски во 89-тата и 90-тата постигна два гола за прсврт и победа.