Спорт

Галијани го брани не го продава Балотели

Галијани го брани не го продава Балотели

Освен што застана во одбрана на контроверзниот напаѓач, Марио Балотели, кој е посочен како главен виновник за срамната елиминација на Италија во групната фаза од Мундијалот во Бразил. потпретседателот на Милан, Адријано Галијани потврди дека Балотели нема да биде продаден за време на летниот преоден рок.

“Не, не можам да кажам дека сум добро. Не сум среќен поради елиминацијата на Италија и поради непотребните коментари кои се наменети за Марио Балотели. Сакам да потцетам дека Марио е единствениот напаѓач кој постигна погодок во групната фаза. Каде се другите напаЃачи на Италија? Другите не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол. Сега Балотели е најголем виновник за елиминацијата. Кој си даде такво право да го коментира неговиот настап. Има неколку фудбалери кои одиграа очајно во Бразил. Целиот тим заслужува оценка, а не само еден фудбалер. Балотели ќе остане во редовите на Милан”, изјави Галијани.