Галијани потврди дека ќе има намалување на годишните плати

Потпретседателот на италијанскиот калчо гигант Милан, Адријано Галијани потврди дека сите фудбалер ќе имаат помала плата во новата сезона поради нереализираната амбиција, пласман во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

„Да, разговарав со Рики Кака. Ми кажа дека ќе имаме нов состанок на крајот од актуелната сезона и за време на истиот ќе разговараме на оваа тема, ќе разговараме за намалувањето на платите. Нема што друго да додадам. Речиси сите фудбалери на Милан, потпишуваат договор дека ќе добијат 80% од договорената плата, а останатите 20% зависат од тоа каков ќе биде успехот на тимот во актуелната сезона. Зависи од тоа дали ќе биде обезбеден пласман во Лигата на шампиони, а не во Лигата на Европа. Нема да има никаква дискусија на оваа тема. Гарантирам дека сите фудбалери ќе ја преживеаат и оваа ситуација”, изјави Галијани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.