Спорт

Галијани повторно блефира дека Милан нема да купи нов фудбалер

Галијани повторно блефира дека Милан нема да купи нов фудбалер

Потпретседателот на италијанскиот калчо гигант, Милан, Адријано Галијани, повторно ја анимираше фудбалската јавност но сега со изјавата дека “росонерите” нема да ангажираат ниту еден фудбалер за време на зимскиот преоден рок.

“Нема да купуме ниту еден фудбалер за време на зимскиот преоден рок. Пацини е повреден, но не станува збор за некоја посериозна повреда, брзо ќе се врати на зелениот терен. Нема никакви преговори со челниците на Парма околу можниот трансфер на Марко Пароло. Имав состанок со претседателот на Парма но ја договаравме позајмицата на Џерсон Вергара”, изјави Галијани.
Добрите познавачи на италијанскиот фудбал се убедени дека ова е најновиот блеф на главниот оперативец на Милан, кој најчесто дава вакви изјави, а потоа за неколку дена ангажира фудбалер од светска класа.