Бразил2014,Спорт

Гана ја испоти Германија

Гана ја испоти Германија

Четри погодоци, по два во двете мрежи, беа постигнати на најинтересниот саботен натпревар, дуелот помеѓу репрезентациите на Германија и Гана.

Големиот фаворит за првата позиција во групата “Г”, но и за светската титула, дојде во водство со погодокот на Марио Геце, но на стартот од второто полувреме, Гана израмни со погодокот на Андре Ајев.

Само неколку минути подоцна, претставникот на Гана дојде во водство со погодокот на Асамоа Гиан, а само што влезе во игра, Мирослав Клосе остави свој печат на мечот, постигнувајќи гол за израмнување, негов 15. на мундијалите, со што германскиот ас го достигна рекордот на Бразилецот Роналдо.

Во последното коло, Германија има обврска да освои само еден бод во дуелот против селекцијата на САД, додека Гана мора да забележи триумф во дуелот против репрезентацијата на Португалија.