Гарај веќе мисли на новиот финален натпревар

Централниот дефанзивец на португалскиот гигант Бенфика, Езекел Гарај, ги предупреди тимските колеги дека мораат под итно да се рехабилитираат од несреќниот пораз во финалниот натпревар во Лигата на Европа и целосно да се фокусираат на финалниот натпревар од Купот на Португалија.

„Секој пораз многу боли, особено кога знаеш дека си дал се од себе, но и тоа не било доволно за да се стигне до толку посакуваниот трофеј. Не знам дали можевме да одиграме подобро, подисциплинирано од ова, ако се земат во предвид проблемите со составот, токму затоа разочарувањето е уште поголемо. Сепак, ќе мораме што поскоро да се рехабилитираме бидејќи за неколку дена пред нас е ново финале, овојпат во Купот на Португалија“, изјави аргентинскиот интернационалец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.