Едногласно поддржани заклучоците за судска независност

Кривична за фалсификатори од Струмица

Едногласно поддржани заклучоците за судска независност. Дванаесете заклучоци на Судскиот совет на Република Македонија за заштита на судската независност едногласно беа поддржани од судиите и претставниците на релевантни институции кои учествуваа на денешната тркалезна маса.

Едногласно поддржани заклучоците за судска независност
Едногласно поддржани заклучоците за судска независност

Бранко Ушковски, претседателот на Судскиот совет, презентирајќи ги заклучоците, рече дека  примарна и приоритетна цел е да се почитуваат основните начела со кои се гарантира независноста на судот утврдена во Уставот, законите и меѓународните договори.

Судскиот совет е самостоен и независен орган во судството кој активно ќе дејствува за заштита на независноста на судската власт, ќе се залага за објективни критериуми при изборот и унапредувањето на судиите и ќе продолжи да ги следи судовите дали правилно се распределуваат предметите на судиите и дали тие се добиваат по автоматски пат по приемот на предметот во судот, рече Ушковски.

Во заклучоците е наведено дека Судскиот совет ќе продолжи со поефективно остварување на примарната улога во заштита и зајакнување на функционалниот имунитет на судовите, како и почитување на европските стандарди по однос на начелата за одговорност, односно дисцилинските постапки  да се водат само по услови утврдени со закон и со обезбедена можност за жалба против одлуките на Советот.

За воведување на ова начело потребно е да се конституира Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување на одговорност на судијата, истакна Ушковски.

Во однос на  буџетот за судството, потребно е да се продолжи со негово зголемување и да се донесува со најголемо почитување на начелото на судска независност.

Ушковски посочи…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.