ГАРДА НА ИЛИРИДА: Командант Пантери со оружје позира на „Фејсбук“

На „Фејсбук“ во моментов постојат неколку страници специјализирани за „Голема Албанија“ зад кои како администратори стојат лица од Македонија.„Една нација, еден јазик, едно знаме“. Со вакви пароли на социјалните мрежи се повикуваат Албанците да им се приклучат на групите кои пропагираат големоалбански идеи, пишува Телеграф.мк.

На „Фејсбук“ во моментов постојат неколку страници специјализирани за Голема Албанија“ зад кои како администратори стојат лица од Македонија.

Таква страница е „Republika Ilirida“ во која Македонија се нарекува „земја на албанскиот јазик, каде што младите и старите се малтретирани“. Посетителите тврдат дека во земјава сѐ е политика и дека никој не се грижи за „автохтоните“, како што се нарекуваат поддржувачите на проектот за „Голема Албанија“. Освен од Македонија, на ваквите страници членуваат и лица од Косово и од Албанија.

„Соседите влегоа во обележје и сто години нѐ оставија надвор од куќата. Нѐ принудија да ги користиме пушките и да кажуваат дека претпочитаме борба“, стои во коментарите на страницата.

На групата се поставени и многу фотографии со недолични содржини во кои се навредуваат Македонците, како и карти на, како што велат, идната држава „Голема Албанија“ која опфаќа територии на Македонија, Црна Гора, Србија и на Грција.

IMG_0142

На страницата наречена „За Република Илирида“ се повикуваа Албанците што помасовно да се појават на плоштадот „Скендер-бег“ каде што пред два месеца Невзат Халили прогласи независна „Илирида“ и бараше од македонските власти да ја прифатат реалноста за постоењето на новата република.

Последен случај каде што токму преку социјалните мрежи се рашири веста за активностите на приврзаниците на Голема Албанија беше за т.н. гарда на Република Илирида која наводно почнала да патролира низ сите места каде што живеат Албанци. Зад оваа гарда стои извесен Хамди Ндрецај, кој се нарекува Пантери. На неговата фејсбук-страница тој гордо позира со оружје во друштво со неговите „колеги“ од УЧК. Пантери потекнува од Германија, а во моментот живее во Урошевац.

panteri-sredena-515x800

Политичкиот аналитичар Сефер Тахири смета дека во ерата на глобализацијата и современото комуницирање социјалните мрежи имаат голема улога во промовирање и афирмирање на идеите и погледите кои се сметаат за етнонационалистички. Според него, мрежите можат да се злоупотребат и за потикнување на нетрпеливоста и меѓуетничката недоверба како што беше случајот на Кале и на фудбалските натпревари.

– Тогаш младите преку Фејсбук се организираа за да манифестираат етнички триумфализам кон „другиот“. За „Република Илирида“ сметам дека поддршката е само декларативна, не толку масовна и манифестирана преку интернет-комуникацијата. Не треба да се создава никаков страв кај граѓаните бидејќи Албанците го немаат артикулирано како политичка и етничка идеја создавањето на „Илирида“ – објаснува Тахири.

Извор: Телеграф.мк