„Гардијан“ со директен демант до опозициските медиуми: Интервјуто на Груевски извртено

Британски „Гардијан“ директно ги демантираше насловите и текстовите што се појавија утрово во дел од опозициските медиуми. Како што посочи еден од авторите на статијата објавена во угледниот британски весник, Патрик Кингсли дел од македонските медиуми ја извртеле изјавата на премиерот Груевски.

Во разговор за МИА, Кингсли изјави дека од разговорот со премиерот Груевски произлегла стандардната македонска позиција за спорот за името, дека Македонија е подготвена за разговори, но дека на крајот конечниот збор во спорот ќе го имаат македонските граѓани, преку референдум.

Разбрав дека во медиумските реакции во Македонија делумно се извртува тоа што премиерот го кажа во разговорот со Гардијан. Премиерот кажа дека Македонија мора да преговара со цел да се постигне компромис. Но, притоа повеќе пати повтори, и тоа е јасно наведено во текстот во Гардијан, дека конечниот збор ќе го имаат граѓаните, на рефрендум. Рече дека, на крајот, граѓаните ќе одлучат. Тоа е јасно потенцирано во текстот и затоа сум помалку изненаден од реакциите на текстот, бидејќи беше апсолутно јасно дека премиерот не зборуваше за преземање чекор само на неговата иницијатива. Потенцираше дека се што ќе заклучат преговарачите ќе мора да биде потврдено на референдум. Изненаден сум што македонските медиуми го промашија овој момент во неговите ставови, изјави Кингсли.

Поголем број македонски медиуми текстот во Гардијан го пренесоа како наводно менување на позицијата на македонската Влада, во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи на двете земји во Грција.

Имено, главно медиумите што важат за блиски до опозицијата и до СОРОС побрзаа да објават текстови според кои новинарскиот коментар е став лично на премиерот.

Порталот НОВА ТВ на Борјан Јовановски излезе со наслов „Гардијан: Груевски е отворен за промена на името“, иако во текстот на британскиот весник во неколку наврати се потенцира дека премиерот останува на позицијата дека тоа што ќе биде договорено во рамки на преговорите, ќе мора да биде одобрено од народот по пат на референдум.

nova-tv-gruevski

Слична беше ситуацијата и со порталите „Плус Инфо“ и „Либертас“. Имено и овие два портали, кои се едни од најголемите поддржувачи на политиките на СДСМ новинарскиот коментар на „Гардијан“ беше пренесен како изјава на премиерот лично.

plus-info-gruevski-1

libertas-gruevski-1

Ваквите пишувања од страна на дел од македонските медиуми веднаш беа демантирани од страна на премиерот Груевски, а силна шлаканица за опозициските медиуми пристигна и од авторот на статијата Кингсли кој во изјава за МИА рече дека дел од македонските медиуми ја извртеле изјавата на премиерот.