„Гардијан“: Лидерот на ИД е тешко ранет

Лидерот на групата Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади е тешко ранет при воздушен напад во западен Ирак, објави денеска „Гардијан“, повикувајќи се на неименуивани извори од ИД.

Весникот наведува дека Багдади бил ранет при воздушен напад на коалициските сили предводени од САД што се случил минатиот месец. „Гардијан“ наведува дека Багдади сега полека заздравува.

Поради ранувањето на Багдади бил одржан итен состанок на раководителите на ИД, кои планирале и да изберат нов лидер.

Еден западен дипломат и еден советник во ирачката Влада потврдија дека коалицијата извршила напад на 18 март во Баџи во обласата Ниневех, во близина со границата со Сирија. Во ноември и декември исто така беше објавено дека Багдади е повреден, но ниту еден извештај не беше точен.