„Гардијан“: Околу 12.000 лекари може да ја напуштат Велика Британија по Брегзит

Околу 12 илјади лекари, кои дипломирале во Европската економска зона може да ја напуштат Велика Британија, бидејќи чувствуваат помала сигурност за нивната иднина по референдумот за Брегзит, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Истражувањето, кое го спроведе Британската медицинска асоцијација предизвика стравување дека недостигот на специјалисти во британските болници може да се продлабочи.

Истражувањето се базира на одговорите на 1.193 лекари, кои работат во земјата, која се подготвува да ја напушти Европската унија.

Четириесет и два процента од нив изјавија дека размислуваат за заминување од Велика Британија, 23 отсто не биле сигурни, а само 39 проценти се изјасниле дека немаат таква намера.

– Во момент кога националната здравствена каса веќе ја достигна својата граница и земјата се соочува со сериозен недостиг на персонал, тоа би било катастрофално, рече д-р Марк Потер, претседател на Советот на Асоцијацијата.

Според официјалните податоци во Велика Британија работат 280.932 лекари, од кои 11 отсто се квалифицирале во друга земја од Европската економска зона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.