Гарет: Партиите работат на составување влада и се истражуваат сите можности

Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет денеска во коментар на политичките случувања во државава изјави дека партиите работат на составување влада и се истражуваат сите можности.

Многу од работите, посочи Гарет, зависат од тековните состаноци и разговори коишто  сега се случуваат.

– Ситуацијата се’ уште не е решена, партиите работат на составување влада и ги истражуваат сите можности врз основа на изборите на 11 декември, изјави Гарет, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Конференција посветена на споделување практики и иновативни модели за подигнување на младинската вработливост во Европа.

Изрази надеж за соработка со идната влада  во насока на продолжување на реформите.

– Се надеваме дека ќе можеме да работиме со новата  влада со посветеност на реформите, рече амбасадорот Гарет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.