сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 24

Гаревски: Денешниот земјотрес е најава за мирен период

На 11-ти минатиот месец имаше серија земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Гаревски: По скопскиот земјотрес Македонија изгради култура на сеизмичка градба

Гаревски: По скопскиот земјотрес Македонија изгради култура на сеизмичка градба

Последни вести

Денеска попладне во 12 часот и 52 минути во Скопје и околината беше почувствуван земјотрес со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје, а во Скопје и околината е почувствуван со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија велат дека вчерашниот земјотрес се надоврзал на серијата земјотреси од почетокот на септември.

“Овој земјотрес би требало да претставува  најава на мирен период. Имавме и форшокови како најава за силниот земјотрес од 5,3, имавме и афтершокови, тоа се земјотреси кои следуваа по него, како што беше и тој што го почувствувавме денеска, па очекуваме мирен период, иако гаранции дека нема да има потреси не постојат”, вели директорот на ИЗИИС, Михаил Гаревски.

На 11-ти минатиот месец имаше серија земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Земјата продолжи да се тресе и во следните денови, а сеизмолозите известија дека регистрирале повеќе од дваесетина потреси, но со мал интензитет.

Најчитани вести