Гарсија ќе почека уште малку за нов договор

Предводникот на италијанскиот калчолигаш Рома, Руди Гарсија призна дека е многу среќен на “Олимпико”, но, додаде дека преговорите околу новиот договор можат да стартуваат само кога ќе заврши актуелната сезона.

“Пак ќе повторам, многу ми е убаво во Италија, во Рим, многу сум среќен на “Олимпико”. Пред неколку недели имав состанок со раководните лица на Рома и за време на истиот се договоривме дека преговорите околу новиот договор можат да стартуваат откако ќе заврши актуелната сезона во италијанската Серија А. Пред да заврши нема преговори, сега сум фокусиран само на првенствените натпревари, само на борбата за втората позиција и на директниот пласман во групната фаза од Лигата на шампиони”, изјави францускиот стручњак.