Спорт

Гарсија: Рома му подари на Јувентус нова титула

Гарсија: Рома му подари на Јувентус нова титула

Иако имаат одиграно еден натпревар помалку, фудбалерите на Рома имаат и негатива од големи 14 бода во споредба со актуелниот шампион и лидер на првенствената табела во италијанската Серија А, тимот на Јувентус.

Во по првенствената пресметка против екипата на Наполи, која заврши со минимален триумф на “азурите” од 1:0, предводникот на римската “волчица”, Руди Гарсија изјави дека Рома веќе му ја подари новата шампионска титула на одличниот тим на Јувентус.

„Математички, борвата за шампионската титула не е завршена, но мора да бидеме реални. Има голема разлика помеѓу Јувентус и Рома. Мислам дека со овој пораз, ние му направивме голема услуга на Јувентус. Рома мора да го добие следниот првенствен дуел и се надевам дека за тој натпревар ќе имам на располагање повеќе фудбалери. Се надевам дека повторно на располагање ќе ги имам и услугите на Франческо Тоти. Верувам во пласманот на втората позиција. Ако играме вака до крајот на актуелната сезона, тогаш сигурно ќе забележиме повеќе победи,“ изјави Гарсија.