Гашиќ: Српската војска го покрена нивото на борбена готовност

Војската на Србија го покрена нивото на борбена готовност и е подготвена заедно со останатите безбедносни структури да го зачува нејзиниот територијален суверенитет и интегритет, порача синоќа српскиот министер за одбрана, Братислав Гашиќ, во текот на обиколката на базата „Цворе“, на границата со Македонија.

-„Подготвени сме заедно со останатите безбедносни структури на Република Србија да одговориме на сите предизвици што можат да го загрозат територијалниот суверенитет и интегритет на земјата и нејзините граѓани, рече министерот во изјавата за Танјуг.

Базата „Цворе“, најистурениот пункт меѓу Прешево и границата со Македонија,Гашиќ ја посети заедно со директорот на ВБА, Петар Цветковиќ, командантот на копнената војска, генералот Милосав Симовиќ, директорот на БИА, Александар Ѓорѓевиќ, заменик командантот на Жандармеријата, Илиќ и началникот на Полициската управа Врање, Слаѓан Велиновиќ.

Гашиќ  потоа ја посети и граничната полиција на преминот Пешево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.