Гашиќ за најавите за хаос во јужна Србија: Војската е подготвена

Војската е подготвена да одговори на сите безбедносни предизвици, изјави министерот Гашиќ по повод најавите на албанските екстремисти дека се подготвуваат утре да нправат хаос на југот на Србија.

Министерот за одбрана на Србија Бранислав Гашиќ изјави дека војската на Србија е подготвена да одговори на сите безбедносни предизвици по повод најавите на албанските екстремисти дека се подготвуваат утре да нправат хаос на југот на Србија, во Бујановац, Прешево и Медвеѓа, како одговор на формирањето на Заедницата на српски општини.

Војската на Србија со сите сродни служби е апсолутно подготвена да одговори на сите безбедносни предизвици и на секое загрозување на безбедноста на граѓаните, како и на зачувување на територијалниот интегритет и суверенитетот на нашата земја, изјави министерот Гашиќ за српски Курир.

Инаку, како што постестува српскиот весник, на тајниот состанок одржан во Прешево во понеделникот, на којшто присуствуваа Јонуз Муслиу, претседателот на националниот совет на албанците, неговиот заменик Шукри Имери, претседателите на општините Бујановац и Прешево, Нагрип Арифи и Рагми Мустафа, било одлучено во сабота да се одржи Седница на советите на албнските одбори од овие две општини, вклучително и на Медвеѓа.

Албанците на југот на Србија имаат план Бујановац, Прешево и Медвеѓа да ги прогласат за асоцијации на општини населени со албанско население и да предизвикаат немири доколку Белград се противи на тоа.

Военополитичките аналитичари од Србија сметаат дека воените и полициските структури на земјата мора да бидат внимателни.

Војската на Србија можеби има некои недостатоци, но во овој миг има доволно сила и пред се доволно подготвеност, а тоа е таа емоција да се прифати за задачата во случај безбедносно да има потреби за тоа, смета военополитичкиот аналитичар Александар Радиќ.

Инаку претседателот на националниот совет на албанците Јонуз Муслиу наговести дека се можни немири на југот на Србија доколку албанците не добијат заедница на сопствени општини.