Гаске „помина“ и преку Вавринка – следен е Ѓоковиќ

Францускиот тенисер Ришар Гаске приреди огромно изненадување откако го елиминира победникот на „Ролан Гарос”, Стен Вавринка и обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон.

Гаске славеше со 3-2 (6-4, 4-6, 3-6, 6-4, 11-9) и по осум години се врати меѓу четворицата најдобри тенисери на Ол Ингланд Клуб. Се чинеше дека нема да има ништо од тоа откако Вавринка поведе со 2-1 во сетови, но Французинот собра сили и со нов пресврт успеа да дојде до големиот успех.

Во полуфиналето, Гаске ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ кој е бранител на титулата, а денеска беше поуспешен од Марин Чилиќ. Двајцта тенисери, досега се сретнаа 13 пати, а Србинот е далеку поуспешен со 12-1. Последен пат играа на „Ролан Гарос” и таму Ѓоковиќ славеше со 3-0.