Гасол подготви тужба против весникот Ле Монд

Гасол подготви тужба против весникот Ле Монд

Голем дел од љубителите на кошарката му симнаа капа, некои се обидоа да ја најдат причината за таквата негова игра, а еден новинар во францускиот дневник “Ле Монд” напиша во својот коментар дека Гасол бил допингуван на Евробаскетот.

Тоа е негово мислење. Навистина жалам што се случуваат такви работи. Немав вакви индикации во текот на целата моја кариера. Ја ценам поддршката од народот, институциите на мојата земја и нашиот спорт. Ќе го сфатам ова како свиреж за освоената европска круна. Ќе го прифатам како комплимент. Сепак, се надевам дека вакви работи нема да му се случат на ниту еден друг играч во било кој спорт, заклучи Гасол.

Шпанецот на “денот за медиумите” во Чикаго булс, истакна дека ќе бара обештетување од еден милион евра поради ваквите тврдења, а тужбата е веќе подготвена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.