Балкан

Гасоводот Турски поток ќе почне со работа во 2017

Гасоводот Турски поток ќе почне со работа во 2017

Турскиот амбасадор во Москва, Јомит Јардам изјави дека пуштањето во употреба на гасоводот Турски поток може да се очекува во 2017. година.

– Турција и Русија досега не стигнале до стадиумот почеток на проектот и затоа не може прецизно да се одреди датумот на пуштање во употреба на гасоводот, додаде тој.

Според Јардам успешното реализирање на овој проект ќе биде голема победа и за Турција и за Русија.

Турскиот амбасадор нагласи дека во моментов Русија и Турција немаат потпишано обврзувачки договор за овој проект, но и двете земји имаат желба и намера да го изградат гасоводот.