Гаспром бара од Украина да ги врати парите од попустот за гасот

Извршниот директор на рускиот Гаспром, Алексеј Милер побара денеска од Украина да им врати 11,4 милијарди долари колку што изнесува вкупната заштеда на Украина, благодарејќи на попустот што го имаше на руски гас, во текот на изминатите четири години.

Според зборовите на Милер, поништувањето на договорот од Харков со кој Украина доби попуст на руски гас од 2007 година во замена за наем на поморска база, значи дека Киев мора да го плати целокупниот износ на тој попуст, пренесува Франс прес.

„Износот на попустот даден на Украина во период на важење на договорот од Харков изнесува 11,4 милијарди долари. Тоа е сума која руската влада ниту рускиот буџет не ги примил,“ изјави Милер за руска телевизија и додаде:

„Овој попуст, всушност е аванс Моска во иднина да ги закупи поморските бази во укранското пристаниште Севастопољ во Крим, кое сега мора да биде вратен,“ изјави Милер.

Според неговите зборови, во согласност со продолжувањето на договорот, Русија плаќала лежарина на Црноморската флота во Украина.

„Тоа значи дека Русија плаќала аванс. Од таа причина, износот од 11,4 милијарди долари е долг кој Украина мора да и го врати на Русија,“заклучи Милер.