Свет

Гаспром: Гасоводот експлодираше, бидејќи Украина не го одржуваше доволно

Гаспром: Гасоводот експлодираше, бидејќи Украина не го одржуваше доволно

Потпретседателот на руската нафтена компанија „Гаспром“, Виталиј Маркелов ја обвини Украина дека недоволно го одржува гасоводот со помош на кој рускиот гас се транспортира во Западна Европа.

Тој го изјави ова откако во североисточниот дел на Украина експлодираше гасоводот Уренгој-Помариј-Ужгород во регионот Политава.

„Ние доволно вложуваме за да ги одржуваме нашите системи за дистрибуција на гас. Тоа не можеме да го кажеме за украинскиот систем на гасовод. Гасоводите пропаѓаат, а последица на тоа се ваквите несреќи,“ изјави Меркелов.

Тој додаде дека вчерашниот инцидент не е прв кој се случил на украинскиот систем за дистрибуција на гас.

„Мислам дека ќе има уште такви ескплозии, бидејќи системот мора да се одржува,“ изјави Меркелов.