Економија

„Гаспром“ ја објави мапата на „Турски поток“

„Гаспром“ ја објави мапата на „Турски поток“

Рускиот „Гаспром“ ја објави мапата на гасоводот „Турски поток“ за транспорт на рускиот гас.

Почетокот на гасовод е на рускиот брег во близина на Анапе и оди под Црното Море, соопшти „Гаспром“.

Точката за влез на копно ќе биде во близина на селото Кајакој.

Точката за испорака на гас за турските потрошувачи ќе биде во областа Лулебургаз, а излезната точна турско-грчката граница ќе биде кај Ипсала.

Русија и Турција вчера ја ја утврдија трасата на гасоводот „Турски поток“ низ територијата на оваа земја, која истовремено ја зголеми побарувачката за гас од тој гасовод.

Имено, Турција побара капацитетот да биде зголемен од 14 на 16 милјади кубни метри годишно.

Тоа е идентично на сегашниот капацитет на морскиот гасовод „Син тек“, кој обезбедува половина од испораката на руски гас во Турција.