Свет

„Гаспром“ ќе го гради „Турски тек“, по трасата предвидена за „Јужен тек“

„Гаспром“ ќе го гради „Турски тек“, по трасата предвидена за „Јужен тек“
„Газпром“ и „Саут стрим транспорт“ потпишаа спогодба за доверливост за „Турски поток“

Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ реши да го прифати барањето на партенрите од Турција за изградба на гасоводот „Турски тек“ по трасата што беше предвидена за проектот „Јужен тек“, објави „Рускаја газета“.

Весникот потестува дека според планот, гасоводот „Турски тек“ би требало да биде завршен до 2020 година, од кога „Гаспром“ планира да запре со дистирбуцијата на гас преку територијата на Украина.
„Турскиот тек“ треба да има капацитет од 63 милијарди метри кубни гас годишно и преку него ќе се транспортира „синото гориво“ од Русија за Турција.
Со изментите во планот за негова изградба, „Турски тек“ во должина од 660 километри по дното на Црното Море ќе оди по трасата што беше предвидена за „Јужен тек“, а ќе бидат изградени уште 250 километри дополнителен коридор кон европскиот дел на Турција, речиси до границите со Бугарија и Грција.
Според руските енергетски експерти, „Гаспром“ бил принуден да излезе во пресрет на барањата на турските компани, иако првобитната идеја на компанијата беше новиот гасовод да оди паралелно со гасоводот „Син поток“, што би било поевтина варијанта за неа.
Морската делница од новиот гасовод ќе ја гради самостојно „Гаспром“, додека во изградбата на копнената траса ќе учствува и турската компанија „Ботас“.
Засега се уште не постигнат договор за цената на гасот што ќе се дострибуира, бидејќи Турција бара пониски цени за 15 проценти од пазарните, што претстава значително голем попуст.