„Гаспром“ пред договор за испорака на гас со Кина

Рускиот производител на природен гас  „Гаспром“, најавува дека до крајот на месецов можел да потпише договор за испорака на гас на Кина, за што се преговара повеќе од 10 години, пренесоа руските медиуми.

„Се надеваме дека преговорите ќе завршат како што е планирано. Договорот, би рекол, е 98 отсто готов“, изјавил рускиот заменик министер за енергетика, Анатолиј Јановски.

Со  овој договор Русија очекува да ја намали намали зависноста од европскиот пазар.