Гастарбајтер загина во сообраќајка кај Охрид

Едно лице загина, а петмина се повредени во судир на два автомобили, вчера на магистралниот пат Кичево-Охрид, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 20 часот кога автомобил „опел aстра“ управуван од А.К. (32) од Кичево се судрил со автомобил „мерцедес“ со германски национални ознаки управувано од Х.Р. (45) од село Велешта,Струшко, а со живеалиште во Германија.

Во несреќата Х.Р. бил тешко повреден по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што во 23.40 часот починал. Повредени биле возачот на „опелот“ А.К. и сопатникот Х.С. (39) од Кичево, како и сопатниците во „мерцедесот“, сопругата на возачот, Б.Р. (42) и нивните две деца на возраст од осум и 14 години. Сите се пренесени и задржани на лекување во болницата „Свети Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.