среда, 16 август 2017  |  Вести денес: 38

Гастербајтер од Шведска ѝ ја удирал главата од ѕид

policija ilustracija

Поврзани вести

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишниот И.Џ. (39), македонски државјанин на привремена работа во Шведска.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 29 јуни оваа година околу 21 часот, во куќа на улицата „Наум Охридски” во Охрид.

Тука, тој започнал жестока вербална расправија со В.Џ. која во куќата престојувала заедно со нејзините малолетни деца.

Во момент на револт и агресивно однесување, И.Џ. со рацете ја фатил за вратот а потоа држејќи ја за главата ја удирал од ѕидот. Од силината на ударите, оштетената се здобила со видливи телесни повреди и веднаш била пренесена во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид каде и е пружена неопходната медицинска помош.

Најчитани вести