„Гаучосите“ побарале оставка од Сампаоли

Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли многу веројатно нема да ја води репрезентација на натпреварот против Нигерија, пишуваат аргентинските медиуми.

Според нив, фудбалерите на  Аргентина, веднаш по дебеклот против Хрватска  одржале итен состанок на кој донеле одлука да побараат од Фудбалскиот сојуз на Аргентина отказ за нивниот тренер.

Сампаоли од поодамна не е омилен меѓу аргентинската јавност, а се зборуваше дека нема поддршка ниту од играчите. Иако тој успеа да ја донесе Аргентина на Светското првенство, која беше на работ на испаѓање, Сампаоли со одредени потези го навлече бесот на навивачите, но и на играчите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.