Гаук и’ се извини на Грција

Германскиот претседател, Јоаким Гаук, се извинил поради масакрот кој што германските војници го извршиле во грчкото село Лигиадес во текот на Втората светска војна.

Тој, ова извинување, го упатил на крајот од тридневната посета на Грција, каде што имал средби со грчки претставници.

Во емотивниот говор пред споменикот направен на местото на масакрот, Гаук рекол дека се срами поради ова злосторство во кое што во 1943-та година нацистите убиле десетина селани, вклучувајќи и едно бебе од само неколку месеци.

„Би сакал да се открие кое се извршителите, но и оние кои со години во поствоениот период за тоа имале политичка одговорност, но не сакале за тоа ништо да преземат. Она што тука се случило е една голема неправда и со чувство на тага и болка ги молам за прошка семејствата на убиените“, рекол Гаук.

На овој говор присуствувал и грчкиот претседател Каролос Папуљас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.