Газда на продавница држел во притвор вработена

Трговец од Гостивар е осомничен за противправно лишување од слобода на вработена во неговата продавница.

Според полицијата, тој во својата продавница „Арди“ ја држел заклучена вработената заканувајќи и се дека има видео снимки од камерите на кои се гледало дека таа наводно му украла стока вредна 50.000 евра.

За да ја ослободи барал таа да му ги врати парите. Откако се сложила дека ќе му ги даде бараните пари, тој ја пуштил.