Газдата на ФИАТ среќен поради очајните резултати на Интер

Наследникот на автомобилската компанија ФИАТ и главен финасиер кога е во прашање актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Џон Елкан, призна дека е среќен поради лошите резултати на големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Интер.

„Не знам зошто Интер не може да победи во италијанската Серија А. Се надевам дека тавката серија ќе продолжи и во следниот период. Убаво е кога Интер не победува. И јас сум дел од таа група на луѓе која е презадоволна од работата на Антонио Конте. Задоволен сум од постигнатите резултати во изминатите две, три сезони. Искрено, бев многу разочаран после непријатниот пораз во Неапол. Се надевам дека во победнички стил ќе ја завршиме актуелната сезона”, изјави Елкан.