Газдата на Интер не е заинтересиран за Давид Вилја

Новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, Ерик Тохир експресно ја демантираше пласираната шпекулација од фудбалските медиуми дека има испратено официјална понуда за резервниот напаѓач на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), Давид Вилја.

„Не е точно дека сум остварил контакт со агентот на Давид Вилја. Нема ништо точно во таа новинарска шпекулација. Точно дека бев во Мадрид пред неколку дена. Бев за да ги договориме сите детали околу пријателскиот натпревар помеѓу екипите на Интер и Реал (М). Потоа вечерав со раководните лица на Реал (М). Сега сум во Милано и не сум преговарал со агентот на Давид Вилја или со челниците на Атлетико (М). Сега сум фокусиран само на преостанатите натпревари од актуелната сезона, мојот тим мора да освои што е множно повеќе бодови”, изјави Тохир.