Газдата на Ливерпул задоволен од продажбата на Луис Суарез

Сопственикот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Џон Хенри, е убеден дека продажбата на контроверзниот репрезентативец на Уругвај, Луис Суарез е исправна клупска одлука.

Брзоногиот напаѓач имаше статус на најомилен фудбалер помеѓу најверните фанови на Ливерпул, но поради последниот скандал, успешниот обид да го гризне за рамо репрезентативецот на Италија, Џорџо Киелини, клубот донесе одлука да биде продаден на каталонскиот гигант Барселона за рекордни 88 мил. евра.
“Мислам дека во идеалниот момент ја прекинавме соработката со Луис Суарез. И двете страни имаа потреба од такво нешто. Точно дека Луис многу даде за Ливерпул, но и клубот многу му помогна во градењето на фудбалската кариера. И без неговите услуги, Ливерпул ќе има офанзивна линија во новата клупска сезона”, изјави сопственикот на “црвените” од “Енфилд”.