Газдата на Пандеви убеден дека сите му љубоморат

Контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис е убеден дека сите фудбалски клубови и сите фудбалери им завидуваат на фудбалерите кои моментално го носат “азурниот” дрес.

“Мора да бидеме презадоволни од тоа што го постигнавме во 2013 година и од тоа што го купивме. Најверните фанови ги интересира само победата, но мора да потцетам дека јас почнав да градам од нула. Италијанските клубови се мачат, постојано се обидуваат да бидат во чекор со европските гиганти. Ние го прифативме, го следиме финансискиот Фер Плеј и постигнавме многу без да потрошиме премногу милиони евра, а тоа го прават останатите клубови. Имаме за половина помалку од тоа што може да го потроши Јувентус. Сакам да има испратам јасна порака на сите тие кои не советуваат, кои ни кажуваат кого да купиме. Јас сум горд на мојот Наполи, на моите фудбалери и знам дека сите ни завидуваат”, изјави Де Лаурентис.