Газдата на ТВ 24 Вести им нудел по 15.000 евра на новинарите ако откријат каде е Сеад Кочан

До сопственикот на ТВ Нова, Сеад Кочан, на адресата на „Трансмет“ деновиве стигнало писмо од новинар во ТВ 24 Вести во кое тој информира за притисоците кои ги имал во неговата матична телевизија на тема работењето на „Трансмет“ и нејзиниот сопственик, објави ТВ НОВА.

Во писмото тој информира дека на новинарите во ТВ 24 Вести им биле понудени по 15.000 евра од страна на сопственикот ако откријат каде е Сеад Кочан.

Во целост ви го пренесуваме писмото:

Почитувани, вработен сум како новинар во телевизија 24 Вести, но мојот кодекс, љубовта кон професијата и мојата дефиниција за поимот новинар не ми дава да го премолчам она што ми беше понудено од сопственикот Роберт Димитров, односно неговата сестра Жан Жанина Стојанова, имено на одделни состаноци со секој од нас новинарите посебно кои се случуваа во текот на минатата недела во нашата телевизија од нивна страна беше понудена награда во вредност од 15.000 евра +покривање на сите направени трошоци за истражувачка репортажа-прилог во кој ќе биде откриено каде е побегнат вашиот сопственик Г-дин Сеад Кочан или репортажа-прилог во кој ќе се откријат наводни сторени криминални дејствија поврзани со работењето на фирмата „Трансмет“, односно секој ден мора да правиме прилог на оваа тема и истиот да биде топ тема, постиран на сите платформи на прво место и да биде максимално коментиран во негативна конотација од сите лажни профили кои ги контролира телевизија 24 Вести се со цел да се створи притисок во нивен жаргон „да го натераме да излезе од дупката“

Нашата професија одамна не е тоа што треба да претставува но главниот проблем не е само во сопствениците на медиумите и нивните потреби да контролираат туѓи судбини туку и во моите колеги кои за матријален интерес веќе се спремни да направат и да кажат се.

Се надевам дека во блиска иднина ќе најдам некоја друга работна средина, средина во која нашата професија нема да биде злоупотребувана и каде што главна цел нема да биде уништување на туѓи животи.

pismo-2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.