Гази Баба, Бутел, Центар утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Гази Баба, Бутел, Петровец, Центар и Сарај.

Ова е листата каде ќе нема струја:

• во време од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците: Перо Наков, 510, 511 и 1471 ( општина Гази Баба )
• во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците од улиците: Тале Христов, Костурска, 773, 784 и Боро Менков. ( општина Бутел )
• во време од 08.30 до 16.00 часот, корисниците од селата: Средно, Долно и Горно Коњари, Дивље, Сушица, Живиње и Чифлик. ( општина Петровец )
• во време од 08.30 до 10.30 часот, дел од корисниците од ул. Христо Узунов, дел од ул. Рилски Конгрес и улица Церска. ( општина Центар )
• во периодот од 09.30 до 15.30 часот, корисниците од улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец. ( општина Сарај )