Гази Баба, Карпош, Чаир утре без струја

Без електрична енергија утре од 8 до 15 часот ќе останат корисниците од улиците 510, 511, 1471 и дел од Перо Наков во општина Гази Баба.
09072014194237 струја.1

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во електро-системот утре без струја од 8:30 до 13 часот ќе бидат и корисниците од улиците Лазо Москов и Тале Христов, во општина Чаир, од 9 до 15 часот корисниците од селата Танушевци, Малино и Брест во општина Чучер Сандево, како и корисниците од улицата Козле бр. 8 во општина Карпош.

Струја, од 9 до 16 часот ќе немаат и корисниците од селата Дивље, Сушица, Чифлик и Живиње во општина Петровец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.