Гази Баба, Карпош и Ѓорче утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, петок, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општините Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров.

Ова се временските интервали и улиците каде ќе нема струја:

• во време од 10:30 до 12:00 часот корисниците од улиците Благоја Стефковски, Боривое Милошевски и нас. Хиподром. ( општина Гази Баба )
• во време од 10:00 до 11:30 часот корисниците од ул. Бранислав Нушиќ бр. 9. ( општина Карпош )
• во време од 09:00 до 11:00 часот корисниците од улиците Сливовска и Пресека. ( општина Ѓорче Петров )
• во време од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. Мечкин Камен. ( општина Ѓорче Петров )
• во време од 08:30 до 14:30 часот корисниците од улиците Ордан Чопела, Цветан Димов, ул. 145 и ул. 210. ( општина Гази Баба )
• во време од 08:30 до 09:20 часот корисниците на трафостаница Маџари и кванташкиот пазар. ( општина Гази Баба )